5 факти кои не сте ги знаеле за селото Седларци

јули 14, 2019

Седларци е село кое може да се пофали со добрата организација на секојдневието на жителите, и едно од ретките села од кои, во денешно време, се’ уште се слуша детски џагор.

Селото е дел од општина Василево, оддалечено е од Струмица 11 километри и има 232 хектари обработливо земјиште.

  • Слава на селото е празникот Митровден.
  • Ова населено место е познато по археолошкиот локалитет Киров Рид . Локалитетот претставува населба од доцноантичкото време. Имено, во нивата на П. Лазаров се откриени два големи питоса и се среќава голем број фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.
  • Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и имало само 28 жители.

  • Она што е интересно за ова село, е тоа што името воопшто не било менувано – уште во првите пронајдени записи, селото е заведено под името Седларци. Потеклото на името доаѓа од  „седлар“ – лице кое се занимава со изработка на седла за добиток. Жители на селото биле надалеку познати по тоа што изработувале седла за војничките коњи.
  • Селото се граничи со Едрениково, Ангелци, Варварица, Требичино, Вељуса.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: