(ФОТОГАЛЕРИЈА) ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЈА ПОСЕТИ СТРУМИЦА -НЕ ДОЗВОЛИ ДА БИДЕ ПОСЛУЖЕН СО РУЧЕК И САМИОТ ТОЈ ДЕЛЕШЕ ОД ГРАВОТ МЕЃУ ПРИСУТНИТЕ!

декември 11, 2018

По повод денешниот празник „Свети Петнаесет Тивериополски маченици“ патрон на град Струмица, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски беше во посета на Струмица. Мицкоски најпрвин од пред индустриска зона Сачево изјави дека власта не го исполнила ветувањето за изградба на 16 фабрики каде ветија вработување на 2.500 жители, а подоцна се упати кон Старата струмичка чаршија каде се сретна со трговците и занаетчииите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не дозволи да биде послужен со ручек, туку самиот тој се нафати на делење од посниот грав меѓу присутните.

Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николовски, Владо Мисајлоски, членовите на Извршен Комитет – Ане Ласкоска, Цветан Трипуновски и Дајанчо Ефримов го посетија и Божјиот храм „Свети Петнаесет Тивериополски Маченици“ каде беа пречекани од претставниците на епархијата.

Во продолжение погледнете што напиша самиот тој на својот официјален фејсбук профил:

Денес Струмица го празнува денот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Голем празник за градот. Ја имав честа да ги посетам Струмичани и црквата Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Остварив и средба со граѓани од месниот комитет Седум во Струмица.

И повеќето граѓани отворено говореа за тешкиот живот.

Зарем не е црна маката на земјоделците чиј труд не се цени.Зарем не е црна судбината на младите чија најголема желба, не е како да изградат нешто, туку како побрзо да си заминат. Зарем не е црн животот на пензионерите кои се ограбувани од државата. Наместо повисоки пензии ќе им испорачаат некакво кратење на пензиите. Зарем не е црн животот на професорите, наставниците, учителите со плати под просекот, а со задача да го осветлат патот на многу наши млади генерации. Без мотив, без радост. Зарем не е црн животот на македонските доктори, каде функционираат во еден систем кој ги гази, уништува и им го повредува нивното професионално и човечко достоинство.

Затоа ќе ставиме крај на овие црнила и политичарите кои ги создаваат. Доаѓа нова зора која ќе ја осветли иднината.

   

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ