ДИПЛОМИРАН ПЕДАГОГ ОД СТРУМИЦА ПИШУВА ЗА АГРЕСИЈАТА ВРЗ ДЕВОЈЧЕТО ОД НЕГОТИНО!

април 17, 2018


Дипломираниот педагог од Струмица, Елизабета Дончевска-Лушин по повод последниот инцидент кој се случи во Неготино со малтертираната девојка од страна на нејзините соученички се огласи на фејсбук со свој статус. Во продолжение ви го пренесуваме во целост:
ЕЛИЗАБЕТА ДОНЧЕВСКА-ЛУШИН:

Тема #СТРУЧНО
Повод: Агресијата врз девојчето
После настанот што сите го видовме, МОН заедно со просветната инспекција го посочи виновникот: Наставниците се виновни за ваквото агресивно однесување на двете девојки, ПОРАДИ НЕ НАВРЕМЕНО ВОДЕЊЕ НА ПЕДАГОШКАТА ЕВИДЕНЦИЈА И ДОКУМЕНТАЦИЈА!!!!
И види чудо: Стручните лица МОЛЧАТ!
Ај на кратко, оти темата воспитување е многу долга и сложена и не е за на ѕид на ФБ, оти тешко ќе се дочита…
ПРВО: што всушност е ВОСПИТУВАЊЕТО? Најмалку е она широко прифатеното – воспитано дете е послушно, ги почитува повозрасните, соучениците, кажува добар ден…итн. Е ова е само првата скала од сложениот и многуслоен процес наречен ВОСПИТУВАЊЕ.Има безброј дефиниции,ама кратко и едноставно ВОСПИТУВАЊЕТО Е ПРОЦЕС НА ФОРМИРАЊЕ НА ЛИЧНОСТ!!! Најважното прашање е КАКВА ЛИЧНОСТ ДА ФОРМИРАМЕ, КОИ ОСОБИНИ И НАЧИН НА ОДНЕСУВАЊЕ СЕ ПРИФАТЛИВИ? Е ТУКА СЕКОГАШ ОДГОВОРОТ ГО ДАВА –
О П Ш Т Е С Т В О Т О!!!! КОЕ СЕКОГАШ СЕ АМНЕСТИРА КОГА ПРСТОТ СЕ СВРТУВА КОН НЕГО И СИ БАРА ДРУГИ ВИНОВНИЦИ.
Кој се ја формира младата личност? Семејството – ДА, училиштето – ДА, соучениците – Да, локалната средина преку нејзините институции, пошироката средина, медиумите, личностите што го заземаат најголемиот простор на медиумите, политичките партии и нивните протагонисти…ДА, сите тие ја обликуваат ОПШТЕСТВЕНАТА РЕАЛНОСТ – која бара и создава одреден тип на личности!
Велат да се врати воспитната компонента во училиштата…а неа ја има – преку содржините од наставниот материјал…пр.македонски јазик, расказ…се врши анализа на ликови – со негативни и позитивни карактерни особини…и да не ги редам, сите знаеме кои се позитивните, почит, достоинство, чесност, трудољубивост, професионалност, етичност, почитување на различно мислење, изградени ставови, изграден поглед на свет итн итн..а кога ќе излезе надвор од училиштето и ќе види што и кој општеството наградува, (сепак човекот реагира на награди и казни) унапредува, фаворизира..чесноста?трудољубивоста? професионализмот? почитувањето на другите? И се паѓа во вода…разговорот во училиштето веќе е заборавен!
Негативните особини како, нечесност, лага, корумпираност…да не ги редам, си ги има… се казнуваат, санкционираат…да, така учат во училиштето, а кога ќе излезат надвор, гледат – во нашето општество, тоа добро поминува!
Учат и етика! Има преубави содржини!
Да се вратиме малку во семејството, каде почнува процесот на воспитување. Никој од родителите не ги учи децата да се тепат, да лажат, да крадат….напротив..сите сакат нивните деца да бидат среќни, исполнети, почитувани во средината..се до оној момент, кога и тие за жал, под влијание на општествената реалност, одејќи по линијата на помал отпор, за да не им се мачи детето во животот, за да успее на лесен начин, му велат „Време е да се зачлениш во партија, биди послушен, исполнувај наредби, ако не се согласуваш, премолчи си…да можеш да се вработиш и да напредуваш..па и ич да не те бива.“
И ТОА Е ВИСТИНА:..ТОА СЕ БАРА ВО НАШАТА ОПШТЕСТВЕНА РЕАЛНОСТ.
Какви личности формираме? Сервилни, послушни, подложни на манипулации – од онаму кај што очекуваат, и непочит, неработници, нечесни, вербално и физички агресивни – онаму кај што можат! (ДА нагласам има исклучоци..ментално отпорни… и родители и деца, кои се целосно свесни за трајните вредности и не подлегнуваат на барањата на општеството…ех да ги има повеќе!)
Ако нас не има околу 2 милиони, и сите влијаеме еден на друг – воспитно – ама и треба да сме целосно свесни дека ние се делиме на „видливи“ и невидливи“…невидливите сме многу повеќе, со многу помал ефект врз формирањето на младите личности..е оние видливите..малку се..ама оние кои се постојано присутни во нашите животи – преку медиумите – они кои го водат општеството, од оние кои зависи,- за жал- кај нас – буквално се – имаат најголемо влијание врз формирањето на личноста на младиот човек…тие наградуваат и тие казнуваат и санкционираат…ШТО НАГРАДУВААТ – ТОА ФОРМИРААТ!!!
Декларативните барања – чесност, интегритет, професионалност, став, принципи….наспроти практично наградениот опозит неминовно го даваат резултатот ДЕ -ФОРМИРАНА ЛИЧНОСТ – наспроти ФОРМИРАНА ЛИЧНОСТ!!!
КОЈ Е КРИВ? Стручните лица, теоретичари и практичари, мора еднаш да излезат и јавно да проговорат, оти ниту милиони навремено водени педагошки евиденции и документации не не вадат!
Тука има уште мноогу за пишување, ама…
За крај (само засега крај) еден цитат од педагози кои целиот живот го посветиле на проблемот наречен воспитување
„Односот кон младите се појавува како референтен простор во кој се разигрува целокупното општествено па и политичко соочување…Педагогијата и воспитната пракса, очигледно некому му служи.“ (Според авторите Dejana Bouillet & Slobodan Uzelac et al.,2007).

#СТРУЧНО

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ