16 факти за нашата фудбалска легенда Горан Пандев кои се помалку познати!

јули 14, 2019

Гордан Пандев несомнено е еден од најдобрите фудбалери кои Македонија некогаш ги имала. Родум од Струмица, моменталниот капитен на македонската фудбалска репрезентација низ годините неуморно нижеше успеси и многупати не’ направи горди сонародници. Тој е идол на голем број млади ентузијасти, особено оние кои тренираат во клубот Пандев, кој во 2017 година избори пласман во Првата лига на Македонија, највисоката фудбалска лига во македонскиот фудбал.

Во продолжение, 16 помалку познати факти за Горан Пандев:

  • Пандев го направи своето деби за националната репрезентација на Македонија на 21 август 2002 во натпреварот Македонија- Малта 5-0, во кој тој постигнал гол.
  • Пандев го има носено дресот на вкупно 8 фудбалски тима: Беласица, Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај и Џенова.
  • После долги години игра за италијанските клубови, на 25 февруари годинава, на Пандев му е издадено италијанско државјанство.
  • Пандев ја започнал својата кариера во ФК Беласица од Струмица. За првиот тим на Беласица, Пандев настапува само една сезона во рамките на Првата македонска фудбалска лига.
  • Во летото 2001 година, на само 18 години, Пандев е продаден на Интер од Милано за сума од 250.000 евра.
  • На 15 април 2006, Пандев во дресот на Лацио за прв пат во кариерата постигнува два гола на еден натпревар во победата со 3-1 над Ливорно.
  • Најголемиот успех со Лацио, Пандев го остварува во 2009 година, кога го освојува Купот на Италија, при што со постигнатите седум голови, тој е најдобар стрелец во ова натпреварување. За Лацио, Пандев има одиграно вкупно 159 натпревари во кои постигнува 48 голови.
  • По Дарко Панчев, кој игра во Интер, Пандев е вториот Македонец кој заиграл во Серија А.
  • Во летото 2009 година, помеѓу Пандев и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито избувна скандал, поради искажаната желба од страна на Пандев дека сака да го напушти клубот по крајот на сезоната. По оваа изјава и одбивањето на Пандев да го продолжи договорот, тој бил исфрлен од првата екипа на клубот во следните четири месеци, при што не одигра ниту еден натпревар. Во тој период, за Пандев покажале интерес голем број на клубови, но Лотито нема да прифати ниту една од нив. На 23 декември 2009 година, официјалниот суд на италијанската фудбалска лига „Калчо“ пресуди во корист на Пандев. Со пресудата, Пандев го раскина договорот со Лацио, а клубот бил обврзан да му плати на Пандев 160 000 евра за покривање на судските трошоци.
  • Во 2010 година, Пандев ги оствари најголемите успеси во својата фудбалска кариера, кога со Интер освои дури четири шампионски титули: првак на Италија,освојувач на купот на Италија, победник во Лигата на шампионите и победник на Светското клупско првенство (постигнувајќи го првиот гол за Интер).
  • Пандев е еден од малкуте фудбалери кој успеал да го освои Купот на Италија со 3 ралични клубови (Лацио, Интер и Наполи).
  • На 6 јуни 2012 година, Пандев направил постојан трансфер од Интер во Наполи. Подоцна, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис истакнал на едно интервју на радио дека Пандев се одрекол од дел од платата која ја примал во Интер за да им се приклучи на Наполитанците, истакнувајќи го ова како знак на посветеноста кон клубот и навивачите.
  • Со 26 постигнати голови, Пандев е најдобриот стрелец во историјата на Македонската селекција.
  • Пандев годинава ќе го прослави 36 -тиот роденден – роден е на 27 јули 1983 година.
  • Пандев има помал брат, Сашко Пандев, кој исто така е фудбалер – бивш младински репрезентативец и член на ФК Турново.
  • Пандев и неговата сопруга Надица имаат три деца: Филипо, Ана и Софија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ