Поп-пејачката Александра Јанева го објави својот нов сингл „Ќе се вратам некој ден. ” Автор на музиката е Панче Касапски, а аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев. Текстот на песната го напишаа Панче Касапски и Огнен Неделковски. Песната и видео-записот беа премиерно поставени на официјалниот YouTube канал на Јанева.
„Со авторскиот тим и дадовме многу време на оваа песна, ја менувавме, ја засакувавме одново и одново и се радувам што токму со неа се враќам меѓу вас”, вели Александра Јанева.
Видео продукцијата е на Ѓорги Вацев, кој соработуваше со Јанева и на видео-записот за „Зошто баш ти”.
„Ќе се вратам некој ден” е нејзин прв сингл годинава по неколкумесечна пауза. На радост на нејзините поддржувачи пејачката најавува нова летна тема за наредниот месец.