Анастасија Ризова, мало девојче од Валандово, село Пирава, се бори со тешката форма на тумор, за третманот во Турција е неопходна сума од 100.000 евра, пари што не можат да ги обезбедат нејзините родители.
За таа намена креирана е „ gofundme” кампања за донации за малата Анастасија која итно бара начин да оди на лекување во Турција, така што соништата на родителите за заздравување на нивното дете ќе станат реалност, а малата Анастасија ќе започне да живее нормален и здрав живот.
Да бидеме хумани, да бидеме луѓе, затоа што на нашата мала Анастасија и нејзините родители ова значи Живот! Може да донирате на следниот линк: https://www.gofundme.com/f/apel-za-pomoc-apel-for-help-anastasija-rizova