strumica denes logo

ЗАВРШИ ДРАМАТА ВО ВЕЉУСА, УПОТРЕБЕНИ И ДИМНИ БОМБИ – ОСОМНИЧЕНИОТ СЕ ПРЕДАЛ!

Автор:

Датум:

мај 4, 2021

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

мај 4, 2021

Категории:

Хроника

Драмата која трае од утрово во Вељуса, пред малку заврши. Како што велат очевидци за Струмица Денес,  Д.Г се предал откако биле употребени димни бомби.

ПРЕТХОДНА ВЕСТ:

На 04.05.2021 година во 08.15 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека во село Вељуса, струмичко Н.К. бил нападнат со остар предмет од страна на Д.Г. од истото село, информираат од СВР Струмица.

Пред малку Струмица Денес беше на лице место и случајот уште не е завршен, односно осомничениот е вооружен и не се предава на струмичката полиција. Во случајот учествуваат и струмичките пожарникари.

Струмица Денес пред малку од очевидци доби информации дека и специјалци биле вклучени во акцијата за апсење на вооружениот Д.Г кој се крие во неговиот дом.