Perdormise
Хроника

ВО БАНСКО ЛИШЕНО ЕДНО ЛИЦЕ ОД СЛОБОДА, ВО НОВО СЕЛО ПАК ИСКРШЕН ПОВТОРНО АПАРАТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА!

На 07.02.2020 во 04.10 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од Полициска станица Струмица го лишиле од слобода Т.Д.(24) од Велес за кого била распишана потерница поради бегство од Затвор Штип.

На 06.02.2020 во 20.00 часот во Полициско одделение Ново Село, Х.Ј.(22) од село Ново Коњарево, струмичко, пријавил дека во 19.10 часот во казино во Ново Село бил нарушен јавниот ред и мир од лицето К.М. од село Ново Село со кршење на апарат за игри на среќа. Се преземаат мерки за расчистување и на случајот.