(ВИДЕО) СВЕДОШТВО НА ЗЕМЈОДЕЛЕЦ: Ја фрлаат зелката поради нејзината цена: Земјоделците од струмичко имаат големи маки

април 18, 2018

Земјоделците од струмичко поминуваат низ голгота. Како што велат тие, власта остана глува на нивните барања, па она на што работат цела година, наместо да го продадат и да заработат, принудени се да го фрлат.

Овој земјоделец вели дека за нив е најважно да се дефинира цената на зелката. Барале средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од СДСМ, но тој ниту ги контактирал, ниту ги посетил.

Им било ветено дека килограм зелка ќе се откупува за 17-20 денари, а моменталната цена е само 8 денари. Чекајќи ја исплатата дури и за толку ниска цена, овие земјоделци остануваат без пари.

Огромни количини на зелка фрлија како знак на револт и аларм до институциите, дека нешто мора да превземат за да им помогнат.

Сведоштвото на земјоделец од струмичко, погледнете го во видеото во продолжение:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ