ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Досега се потврдени 10 жртви но бројката може да порасне!

септември 8, 2021

„Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, министерот за здравство д-р Венко Филипче, изразува најдлабоко сочуство до семејствата. Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. МЗ апелира до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме.“ – се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: