strumica denes logo

УШТЕ ЕДНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БЛИЗИНА НА САМОИЛОВО – ЗАГИНА 37 ГОДИШЕН МАЖ!

Автор:

Датум:

март 11, 2021

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

март 11, 2021

Категории:

Хроника

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

На 10.03.2021 во 22.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, во близина на с.Самоилово, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(37) од с.Самоилово, патничко моторно возило „шкода фабија“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.К.(24) од с.Н.Коњарево и товарно моторно возило – влекач „мерцедес“ со полуприколка со турски национални ознаки, управувано од М.К.(42) од Република Турција. На местото на незгодата починал С.С, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Со телесни повреди се здобиле Т.К. и сопатничката од истото возило А.Ј.(27) и М.К., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.