Уште една кривична за поранешниот градоначалник на Василево!

јуни 1, 2019

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ванчо Стојанов (52) од село Едрениково, општина Василево, осомничен за несовесно работење во службата.

Според полицијата, Стојанов во периодот од 2013 година до 2017 година, како градоначалник на општина Василево, без претходна одлука на Советот на општина Василево, издавал решенија за трошоци за гориво за приватни и службени патувања на вработени и лица кои не биле вработени во наведената општина, со патнички возила кои не биле во сопственост на општината. Со ова, пријавениот нанел штета од 303.900 денари на Буџетот на општина Василево.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ