УНИШТЕНА ТАБЛАТА НА ТЕРМАТА ВО БАНСКО!

март 20, 2020

Засега непознат сторител ја уништил таблата со која се означува локалитетот Римски терми во Банско.

Бањата во Банско датира уште од Римскиот период.

Постојат повеќе трудови кои се напишани за неа, постојат повеќе интересни приказни и слично.

Но, со рушење на таблите пред овој локалитет нема да го промовираме културно историскоро богатство кое го имаме.

Имено, иако поставена пред одредено време таблата која ги информира посетителите, веќе е уништена.

Посебно во време кога институциите се зафатени со справување со многу сериозна криза, останува нашата граѓанска совест да се зголеми и да го зачуваме она што го имаме како национално богатство.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ