Вчера околу 17 часот во Полициската станица Струмица од слобода биле лишени Ш.М. (31) од Струмица и И.Р. (25) од Штип, врз основа на распишани централни потерници за издржување на затворски казни во Казнено поправните установи Струмица и Штип за сторени кривични дела „тешка кражба“.
Лицата биле предадени на установите за издржување на казните.