
На раскрсницата на улицата „Ѓорги Василев“ во Струмица, синоќа се случи сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и моторциклист. Како што не информираат очевидците, моторциклистот се здобил со поголеми повреди и е пренесен во струмичката болница. Полицијата веднаш пристигна на местото на несреќата и изврши увид на истата.