ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: СТРУМИЧАНЕЦ ИТНО ПРЕНЕСЕН НА КЛИНИКИТЕ ВО СКОПЈЕ!

август 26, 2019

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера кога се судриле две возила во Хиподром.

Во 03.10 часот на локалниот пат село Јурумлери-населба Хиподром се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес ц220“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот М.М. од Крива Паланка и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 33-годишниот М.К. од Струмица, со живеалиште во Скопје.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ