Како што известуваат очевидци за Струмица Денес, тешка сообраќајна несреќа се случила кај Добрашинци во која неофицијално загина таксист. Како што информираат очевидците, едно лице е тешко повредено. Во моментот на лице место се наоѓаат полицијата и струмичката пожарна. Со повеќе информации во текот на денот.
ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ ДОБРАШИНЦИ, НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАГИНА ТАКСИСТ, УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО!
