СТРУМИЧКАТА ПОЖАРНА СО ДВЕ НОВИ ИНТЕРВЕНЦИИ, ВО ЕДНАТА ПОСТОЕЛА ОПАСНОСТ ОД ЕКСПЛОЗИИ НА ЕКСПЛОЗИВНИ УБОИТИ СРЕДСТВА!

септември 13, 2019

Вчера, 13.09.2019 година, ТППЕ Струмица имаше 2 интервенции. Едната беше во атарот на с. Добрашинци каде гореше сува трева и грмушки. Интервенирано е со 1 ПП возило и 3 пожарникари. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.

Втората интервенција беше во близина на с.Самоилово веднаш до граничниот појас со Р. Бугарија каде гори нискостеблеста шума. Интервенирано е со 1 теренско возило и 4 пожарникари. После извесно време екипата е повлечена поради опасноста од експлозии на експлозивни убоити средства кои ги има на теренот. Пожарот сеуште е активен.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ