Струмичанка ограбила комшија, па УКРАДЕНИТЕ пари ги закопала во двор!

април 13, 2021

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од с.Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

На 29.03.2021 пријавената отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути. Неколку дена подоцна, односно на 7 април, полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ