СТРУМИЧАНЕЦ ИЗМАМЕН: СО ЛАЖЕН ПРОФИЛ УСПЕАЛЕ ДА ДОЈДАТ ДО НЕГОВИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И АПЛИЦИРАЛЕ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ!

јуни 4, 2021

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга, П.Т.(41) од Свети Николе, Д.С.(35) од Крива Паланка, С.Т.(61) и И.Е.(40) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавените, во периодот од декември 2020 до февруари 2021 година оствариле контак со три лица од Штип, Струмица и Пробиштип користејќи лажни „Фејсбук“ профили, а откако ги дознавале нивните лични податоци ги искористувале за добивање брзи кредити преку електронско аплицирање во финансиски друштва.

Оштетените биле доведувани во заблуда дека паричните средства кои по одобрување на кредитот им легнувале на нивните сметки, со наводна помош од роднини на пријавените за лекување на болно дете, кои парични средства оштетените по налог на пријавените ги ваделе од нивните трансакциски сметки, а потоа им ги испорачувале преку лица кои претходно биле ангажирани. На тој начин тие се стекнале противправна имот на корист од 342.100 денари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: