СТРУМИЦА МЕЃУ ТРИТЕ ГРАДОВИ ВО КОИ НАЈМНОГУ СЕ ИЗВРШЕНИ САМОУБИСТВА!

април 15, 2019

Грижата за душата и менталното здравје треба постојано да биде дел од секојдневното живеење на секој човек. Модерното живеење и се поголемата социјална отуѓеност придонесуваат се поголем број луѓе да не сакаат да зборуваат за своите проблеми, ниту со семејството, ниту со пријателите, ниту со стручни лица, и одлучуваат да живеат во таканаречен затворен круг соочувајќи се самостојно со нив и барајќи излез по трнливиот пат во напорите за нивно решавање. Дел од нив, веројатно премногу изморени од неможноста да се справат со своето долготрајно проблемско, па и душевно страдање, свесно или несвесно се предаваат на состојбата која „загосподарила“ во нивната душа, и за жал, посегнуваат по својот живот.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, минатата година во државава бил регистриран пораст на бројот на самоубиства, во однос на 2017 година. Во текот на минатата година биле извршени 121 самоубиство, од кои 29 во Скопје, 20 во Штип, 18 во Струмица, 16 во Битола, 14 во Куманово и по осум во Велес, Охрид и Тетово, додека во 2017 година биле регистрирани 103 самоубиства. Во 2016 година, пак, биле извршени 136 самоубиства и 177 обиди за самоубиства.

Целосниот текст може да го погледнете на следниот ЛИНК

Извор:МИА

ФОТО:ИНТЕРНЕТ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: