Струмица со 12 самоубиства е еден од градовите во земјава со најголем број на самоубиства во минатата 2017-та година. Лани во Македонија биле извршени 111 самоубиства од кои, 79 мажи и 32 жени. Најмногу самоубиства се извршени во Скопје – 23, Битола 14, Велес 6, Куманово 13, Охрид 5, Тетово 9. За 2017-та, според податоците на Државниот Завод за статистика, во вкупниот број случаи на „насилна смрт“, самоубиствата учествуваат со 26,4%, од кои, случаите кај кои смртта настапила поради „Бесење, странгулација и суфокација“ имаат најголемо учество со 15,7%.
Според ДЗС оваа година, во периодот од јануари до јуни во Македонија извршени се 67 самоубиства.
Самоубиството како акт, или обидот за самоубиство е не само психијатриски проблем, туки и проблем на пошироката општествена заедница со сите нејзини сегменти, бидејќи во тој акт, испреплетени се и социолошките, економските, псхихолошките и други мотиви – велат лекарите.
ИЗВОР: ВестиСР