СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЧКО ПОМЕЃУ НЕРЕГИСТРИРАН МОТОР „КАВАСАКИ“ И ЗАПРЕЖНА КОЛА – ДЕВОЈКА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА!

јули 13, 2021

На 11.07.2021 година во 21.20 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека на локален пат од Хамзали кон село Дрвош, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“, без регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Дрвош и запрежна кола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

ФОТО: ИНТЕРНЕТ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ