Денес (сабота) 15.02.2020 година, во 07.40 часот на регионалниот пат Струмица – Ново Село (помеѓу селата Дабиле и Босилово) , ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 5 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа помеѓу три патнички моторни возила. 1 лице е потешко, а 2 се полесно повредени.
Користени се линија со вода и специјален хидрауличен алат.
Благодарение на брзата интервенција изгаснат е едниот автомобилот кој беше во почетна фаза на горење, извадено е повреденото лице и предадено на екипата на брза помош.