Синоќа околу 00:00 часот по полноќ на раскрсницата кај „Тера Маркет“ во близина на пазарот „Чешел“ се случи сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили од кои едниот излета целосно од патот а вториот беше половина оштетен. За среќа возачите не се здобиле со поголеми повреди, направена е само материјална штета. Струмичката полиција веднаш пристигна на местото на несреќата и веднаш изврши увид на истата. Со повеќе информации подоцна!