За само неколку недели, на неколку локации во земјава пронајдени се три мртви тела кои под непознати околности го загубиле животот. Во општина Струмица, во водите на акумулацијата „Турија“ во различен временски периоди пронајдени се две тела. Тие се убиени на идентичен начин, што отвора сомнежи дека станува збор за сериски убиец. Осомниченото лице за нивното убиство е уапсено и е во притвор, пренесува 360.
„За јавноста би рекол дека за полицијата идентитетот на телото на двајцата пронајдени во Струмица е познат, но сепак чекаме официјално соопштение од ДНК вештачење и за ова убиство имаме сомнително лица кое е во притвор и го знаеме мотивот и како е извршено и има поврзаност поради формата и начинот на извршување на убиството со убиството кое се случи пред неколку месеци на територијата на Струмица – вели заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.