bandr
Хроника

ПРОНАЈДЕНИ И ОДЗЕМЕНИ МАРИХУАНА, ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА И ПАРИ ВО СТРУМИЧКО!

На 09.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Б.Д.(34) од село Турново, струмичко. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, пиротехнички средства и пари. Лицето било приведено и задржано во Полициската станица Струмица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.