ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА ВО ПАТНИЧКО ВОЗИЛО ВО СТРУМИЧКО!

јуни 30, 2019
СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.М. од с.Колешино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.03.2019 година на регионалниот пат с.Свидовица – с.Банско полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од Ж.Д., при што пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ