ПРИВЕДЕНО Е ЛИЦЕ ВО СТРУМИЦА КОЕ ПРЕБОДЕЛО ЖЕНА СО НОЖ ВО СТОМАКОТ КОГА МУ РЕКЛА ДЕКА Е БРЕМЕНА!

септември 21, 2018

 

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во повеќе градови во државата. Според информациите од МВР, на 6 јуни околу 11 часот осомничениот И.С. (37) по телефон ѝ се јавил на неговата пријателка Р. А. која била во село Сопот и со такси возило ја земал и ја однел во село Бегниште. Кога заминале кон гробиштата, Р.А. му кажала дека е бремена, по што И.С. извадил нож и ја прободел во стомакот.

Освен за обид за убиство, И.С. е осомничен и 110 тешки кражби, 15 тешки кражби во обид, една кражба и една разбојничка кражба.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, рече дека при претрес кај осомничениот биле пронајдени и одземени мобилен телефон, клучеви и фолии за отворање на блиндор врати, француски клуч за кршење на цилиндер брави, пари и други предмети.

И.С. ги извршил делата во периодот од мај до септември во повеќе градови од државата. На ист начин, со кршење на цилиндри на брави од влезните врати, влегувал во станови и најчесто одземал пари и златен накит, но и други предмети. Украденото злато го продавал во златарски дуќани во Охрид и Прилеп.

Во текот на денот И.С. ќе биде изведен пред Судот во Велес.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: