ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈОТ: Сообраќајна незгода на патот Струмица-Граничен премин Ново Село

јули 22, 2019


Од 13:15 часот регионалниот пат Струмица-Граничен премин-Ново Село е затворен за сообраќај поради случена сообраќајна незгода, соопштија од АМСМ. Како што информираат очевидци сообраќајната незгода се случила помеѓу населените места Дабиле и Босилово, а во истата учествувале повеќе возила меѓу кои имало камион, комбе и патнички автомобил. Полицијата е на местото на настанот. Повеќе информации во текот на денот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ