ПОЖАРНИКАРИТЕ СИНОЌА ИМАА ДОСТА РАБОТА: СЕ ЗАПАЛИ АВТОМОБИЛ НА „КОЖАРАТА“, А КАМИОН УДРИ ВО ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ!

декември 11, 2019

Синоќа на 11.12.2019 година (среда), во раните утрински часови ТППЕ Струмица интервенираше на две локации со 1 ПП возило и 3 пожарникари. Во 02.21 часот на ул. Тимо Тренчев на запалено патничко возило Фиат Скуда. Благодарение на навремената интервенција спречено е да се зафатат другите возила кои беа во непосредна близина. Во 03.05 часот на ул.Ристоман Попчевски на отстранување на падната дрвена бандера и кабли кои претставуваа опасност за пешаците и моторните возила.

Синоќа, 10.12.2019 година во 19.45 ТППЕ Струмица превентивно интервенираше во с.Турново. Се вршеше обезбедување на околните објекти поради искрење на електричните линии кои беа прекинати од товарно возило кое го оштетило електричниот столб. После пристигнувањето на екипа на ЕВН и прекинот на електричната енергија се изврши проверка на сите објекти.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ