ПОЛИЦИЈАТА ДАЛА ЗНАК ДА ЗАСТАНАТ НО ИЗБЕГАЛЕ И УДРИЛЕ ВО БЕТОНСКИ ЅИД – ОТКРИЕНИ ОСУМ МИГРАНТИ КАЈ ВЛАДЕВЦИ!

јануари 30, 2020

На 29.01.2020 во 22.45 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на бензинска пумпа кај с.Владевци, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ш.С.(30) од с.Слатино, тетовско, но возилото не застанало, по што удрило во бетонски ѕид на бензинската пумпа. После тоа, возачот и совозачот го напуштиле местото на настанот, а полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и СВР Струмица во возилото пронашле осум лица мигранти (еден од Сирија, тројца од Авганистан и четворица од Иран). За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Мигрантите се сместени во Прифатен центар за странци „Гази Баба“ и Привремен транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: