Петмина повредени во сообраќајка на патот Штип – Кочани, меѓу нив и струмичани!

ноември 17, 2021

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с.Крупиште, помеѓу „пежо 407“, управувано од Ш.А.(42) од Виница и „опел зафира“, управувано од Е.А.(18) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Е.А., Ш.А. и сопатникот во возилото „опел“, Е.М.(22) од Струмица, a со телесни повреди се здобиле сопатник во возилото „опел“ А.М.(26) и малолетен сопатник во возилото „пежо“, сите констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото на нeсреќата извршила екипа од СВР Штип.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ