ОБНОВЕНО: ЕДНО ОД ЛИЦАТА ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА ПОЧИНА, ТРОЈЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ!

јануари 19, 2020

Како што известија од струмичката болница за портал Струмица Денес, едно од лицата кои по сообраќајната несреќа кај Габрово беа пренесени итно во болница, почина… Сообраќајната несреќа се случи во 17.15 часот во близина на с.Габрово, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа. Автомобилот марка БМВ со 4 патници беше излетан од патот а повредените беа преземени од брза помош. Од страна на пожарникарите беше обезбедено возилото од евентуално опожарување со прекинување на електричниот напон.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ