(НОВО) Два нови потврдени случаи на корона во Македонија, закажана прес конференција во 19:30 часот!

март 6, 2020

Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови, на корона вирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот.

Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија.

Министерството за здравство ги собира деталите за пациентите. Со дополнителните информации, Венко Филипче ќе одржи прес конференција во 19:30 часот во Владата на Република Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ