НОВИ ИНФОРМАЦИИ: Шест ново заболени од корона вирус, вкупно 18!

март 14, 2020

Во земјава има шестмина ново заболени од корона вирусот, со што вкупната бројка се искачи на 18, соопшти вечерва министерот Венко Филипче.

-Тестирани се 12 лица, а од нив позитивни се шест. Една пациентка стигнала од Барселона. Била со покачена температура па затоа патувала со маска и заштитни ракавици и сама се пријавила на аеродром, истакна Филипче.

Тој додаде дека патничката била од Скопје, а останатите 51 патник од авионот се во домашна самоизолација.

-Четворицата од Дебар се донесени на Клиниката во Скопје, што значи дека вкупно 13 се на Клиника, а петмина од новозаболените се од Дебар и се во болницата во Дебар. Таму има кадар. Тие се со лесна клиничка слика, рече Филипче.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ