bandr
Хроника

НОВИ ИНФОРМАЦИИ: РИСТО ИЉАШЕВ БИЛ УБИЕН ОД М.В СТАВАЈЌИ ГО ВО МЕТАЛНО БУРЕ КОЕ ГО ПОТОПИЛ ВО ВОДИТЕ НА „ТУРИЈА“

СВР СТРУМИЦА: 

Почитувани,

Ве информираме дека се завршени потребните анализи за утврдување на идентитетот на пронајденoто тело во метално буре на 20.06.2019 година, во вештачко езеро „Турија“, при што е потврдено дека станува забор за исчезнатото лице Ристо Иљашев. Утврдено е дека смртта настанала по насилен пат. Би сакале да ја информираме јавноста дека по пријавеното исчезнување на лицето Ристо Иљашев од Струмица на 07.05.2019 година, Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица, во содејство со Единицата за имотен и насилен криминал од Секторот за општ и насилен криминал при МВР, Оддел за криминалистичка техника испитување и вештачење при МВР и Институтот за Судска медицина во Скопје, а по насоки од надлежното обвинителство во Струмица, превзедоа бројни активности се со цел расветлување на случајот.

По превземените опсежни активности и истражни мерки и врз основа на прибраните материјални докази СВР Струмица на 16.05.2019 година до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лице со иницијали М.В. (52) од с.Добрејци, Струмица, за извршено кривично дело „Убиство“ од чл.123 ст.2 т.1 од Кривичниот Законик, отворена е истрага бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот на 07.05.2019 година на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Иљашев а потоа се обидел да го прикрие убиството. Истиот ден Судија за Претходна Постапка во ОС Струмица на осомничениото лице му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

По наредба на јавен обвинител беа превземени повеќе дејствија, извршени се претреси на повеќе локации, организирана е опсежна потрага по исчезнатото лице особено во реонот на браната Турија, каде е забележано возилото на осомничениот. Обезбедени се и други материјални докази. Дополнително во работилницата сопственост на осомничениот во село Добрејци пронајдени се биолошки траги кои потекнуват од жртвата.

Осомничениот М.В. кривичното дело го извршил на начин што го искористил долгогодишното познатство со оштетениот Ристо Иљашев и на подмолен начин го лишил од живот, при што трагите од извршениот грозоморен чин се обидел да ги сокрие на начин што телото на жртвата го ставил во метално буре и го потопил во водите на вештачкото езеро „Турија“ во Струмица. По наредба на јавен обвинител, беше извршена ДНК анализа со која се утврди дека починатото лице е исчезнатиот Иљашев. ОЈО Струмица нареди обдукција на починатото лице, вештачење на неговата облека и на предметите пронајдени во бурето. СВР Струмица продолжува со превземањето на активности до целосно расветлување и документирање на случајот.