(ФОТО) ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СТРУМИЦА? ПОВТОРНО МОНСТРУОЗНИ ДЕЛА, ЗА 4 ЧАСА ОТРУЕНИ ОКОЛУ 12 КУЧИЊА!

мај 29, 2019

Ситуацијата е навистина целосно излезена од контрола! Утрово во периодот од 04:00 до 08:00 повторно се случило труење на кучиња и тоа во центарот на Струмица. Како што не информираа од Здружение за заштита на животни „Animal Lovers“ – Струмица, отруени се најмалку 12 кучиња за 4-5 часа. Со оглед на тоа дека кучињата се отруени на строг центар, се надеваме дека КОНЕЧНО оној кој ги прави овие монструозни дела ќе биде фатен и казнет.

Здружение за заштита на животни „Animal Lovers“ – Струмица

Ве молиме внимавајте на Вашите миленици!

Од 4 часот наутро се пронјдени 2 кучиња (од сликите) кои веќе беа мртви од расфрлениот отров низ плоштадот на општина Струмица.
Вознемирени граѓани ги имат објавено сликите на социалните мрежи.

Утрово има уште 10тина отруени кучиња отруени во паркот, плоштадот, околу училиштето Сандо Масев, ветеринарите добиваат повици за масовното труење и не можат да одговорат на сите.
Дел од кучињата се и домашни миленици.

Собрание на Република Северна Македонија кога ќе се реши неконтролираното продавање на отрови?
Треба да чекаме да настрада некое дете?

Отровот не штети само на кучињата!
Умираат птици, други мали животни, влегува во почвата, стига до водите кои ги пиеме и е исклучително опасен за децата, доколку паднат на место кое има ставено отров, со самото вдишување може да настрадат.

Молба до граѓаните: Ве молиме доколку забележите некое лице кое може да остава отров на улиците, веднаш пријавете во МВР, поставување отров е КАЗЛИВО ДЕЛО.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ