strumica denes logo

НАЌЕ ЧУЛЕВ: ЖРТВАТА НА НАШИТЕ КОЛЕГИ ВО ДИВО НАСЕЉЕ НЕ СМЕЕ И НЕМА ДА БИДЕ ЗАБОРАВЕНА!

Автор:

Датум:

мај 9, 2020

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

мај 9, 2020

Категории:

Хроника

Денес се одбележуваат пет години од трагичното загинување на осумте припадници на Министерството за внатрешни работи во трагичниот настан кај Диво Насеље кај Куманово. Денес присуствував на панихида која се одржа во црквата Св. Никола во Куманово и положив цвеќе на спомениците кои во нивна чест се подигнати во круговите на Единицата за брзо распоредување и Единицата за специјални задачи на чии редови припаѓаа овие полициски службеници.

Најпрво како министер за внатрешни работи и како граѓанин изразувам искрено сочувство до семејствата и најблиските на загинатите припадници кои на денешен ден пред пет години ги положија своите животи во одбрана на уставниот поредок, мирот и сигурноста на сите граѓани.

Нашето општество сите негови чинители мора и се должни да извлечат силна поука од настанот во Диво Насеље: слободата, животот и безбедноста се најскапоцени вредности што сите заедно мораме да ги чуваме и негуваме. На тоа не обрврзува жртвата на нашите колеги дадена во името на иднината на сите македонски граѓани. И таа жртва не смее и нема да биде заборавена.

Нека им е вечна славата!