Home

Perdormire
Хроника

МВР: ЛИЦЕ ОД БАНИЦА УПРАВУВАЛО ТОВАРНО ВОЗИЛО „МЕРЦЕДЕС“ БЕЗ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ – ПРЕДИЗВИКАНА ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА!

Home

На 15.05.2021 околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-с.Извор се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(31) од Велес и товарно возило „мерцедес“, без регистарски ознаки, управувано од Р.К.(60) од с.Баница, струмичко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.М. и малолетна сопатничка од с.Горно Оризари во патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле А.Д.(38), Н.Д.(38), С.К.(30) и малолетен сопатник, сите од с.Горно Оризари, сопатници во патничкото возило, констатирани во Општата болница Велес. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.