bandr
Хроника

МОНСТРУОЗНИТЕ ДЕЛА ВО СТРУМИЦА ПРОДОЛЖУВААТ: УБИЕНИ ДВЕ КУЧИЊА, ЕДНОТО СО СЕКИРА ДРУГОТО СО ЛОПАТА!

Монструозните дела во Струмуца продолжуваат. Две кане корсо кучиња вчера брутално убиени од малолетници. Едното со секира, другото со лопата. Сопственикот викнал полиција и ветеринар на увид, но прекасно. Кучињата се убиени од 14 и 17 годишни ДЕЦА. Здружение за заштита на животни „Animal Lovers“ – Струмица на нивниот официјален фејсбук профил по којзнае кој пат го повикаа премиерот и Собранието на Република Македонија да се преземат мерки за формирање на полиција за животни и високи казни за луѓето кои ги напуштаат милениците.