МИТКО ЧАВКОВ ПОВТОРНО ПРИТВОРЕН!

март 12, 2019

Митко Чавков денеска повторно е однесен во истражен затвор. Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој беше во домашен притвор поврзано со обвинение за настаните од 27 април денеска, на неколку дена од рочиштето за објава на пресудата, повторно е однесен во истражен затвор. Образложението е дека се превземат мерки врз база на дојава и сомневање за можно бегство и избегнување на одговорноста. Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе предлог за определување на мерка притвор. Обвинителството побарало од Основниот суд Скопје 1- Скопје да му биде определена мерка притвор. Станува збор за делото за кое Чавков е во домашен притвор со приложена гаранција.

Медиуми го пренесуват статусот од Фејсбук профилот на неговата сопруга Јасминка Чавкова.

“Хунтата беа во куќата наша, дојдени се да го приведат повторно мојот сопруг за исто дело за што има гаранцијата за бегство и пак се повикуват на можност од бегство.  Правда за Митко Чавков”

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ