МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО СТРУМИЦА НА „БЕТОВЕНОВА“ ВО КОЈА УЧЕСТВУВАЛЕ ДЕВЕТ ЛИЦА!

Масовна тепачка се случила вчера во Струмица. Во инцидентот, според полицијата, учествувале 9 лица.

-Вчера во 21.20 часот било пријавено дека околу 20.45 часот во Струмица на ул.„Бетовенова“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу А.А.(49), О.А., Д.А., Н.А., Н.А., од една страна и Б.А., Џ.А., Е.А. и П.А., од друга страна, велат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Автор:

Датум:

јуни 17, 2020

Категории:

Хроника