КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ОД СТРУМИЦА – НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛЕ ЗДРАВСТВЕНИТЕ МЕРКИ!

јули 17, 2020

СВР Струмица поднесе кривична пријавa против угостителски објект од Струмица и Б.Д.(32) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Второпријавениот, во својство на сопственик и управител на првопријавеното правно лице, не ги почитувал препораките и одлуките на Владата, со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширење заразна болест ковид-19 и дозволил објектот да работи на 27.05.2020 во 23.45 часот, а на шанкот биле затекнати повеќе лица кои стоеле и консумирале пијалаци.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ