Јани Бојаџи: Tатко ми повеќе не е задржано лице – „Артефактот“ си замина дома во Струмица

октомври 7, 2018

Како што веројатно веќе ви е познато, таткото на режисерот Јани Бојаџи кој е роден во Струмица, беше приведен во неговиот дом за за вршење кривични дела против културното наследство и природните реткости. Но, како што напиша Бојаџи на неговиот официјален фејсбук профил, неговиот татко е ослободен и не е виновен туку е настаната грешка.

„Почитувани, татко ми повеќе не е задржано лице! ,,Артефактот,, си замина дома. Бескрајно сакам да верувам во случајности, во погрешно место и погрешно време. И, да, секој чесен човек треба и мора да верува во независноста и непристрасноста на судот и обвинителството. Бескрајно ви благодарам на сите за подршката кон мене и моето семејство. Не знам како да ви се оддолжам освен со ветување дека следниот мој филм ќе биде подобар од овој“ – напиша тој.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ