bandr
Хроника

ИНЦИДЕНТ ВО БАНИЦА: ВЛЕГОЛ ВО НЕГОВИОТ ДОМ И СО СЕКИРА ГО НАПАДНАЛ СВОЈОТ БРАТ!

На 12.09.2019 во СВР Струмица, Д.М. од с.Баница, струмичко, пријавил дека околу 13.00 часот во неговиот дом во с.Баница дошол неговиот брат Т.М. и се обидел да го нападне со секира. Според пријавеното, при обидот на Д.М. да му ја земе секирата, Т.М. се здобил со повреди. На Т.М. му била укажана помош во болницата во Струмица, а Д.М. бил приведен во Полициската станица Струмица. Се работи на расчистување на случајот.