Perdormire
Хроника

Гори над Иловица, пожарникарите интервенираат на местото на пожарот

Вечерва околу 19 часот избил пожар на планината огражден над селото Иловица. Екипи на противпожарната служба ТППЕ Струмица учествуваат во гасење на шумски пожар. Според информациите од противпожарната служба гори нискостеблеста шума. Околу 21:30 часот пожарот е ставен под контрола и се работи на целосно локализирање и ликвидирање.