Како што информира „Макфакс“ најмалку петмина се загинати во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, кога патнички автобус околу 17 часот од непознати причини се преврте од патот. Неофицијално дознаваме дека двајца загинале на лице место, а на најмалку тројца им била вршена реанимација, но безуспешно.
Триесетина пациенти од страотната автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово се пренесени во Градската болница „8 септември“. Во моментов има општа мобилицација на медицински кадар, повикани се голем број анестезиолози и медицински сестри под итно да пружат помош на повредените во несреќата-пишува „Макфакс“
Неофицијално, има патници кои имаат повреди на главата и на дел од нив ќе бидат извршени хируршки интервенции. Дел од патниците се пренесени на Клиничкиот центар каде под итно им се пружа медицинска помош.
Според екипата на „Макфакс“ од терен, извлечени се сите патници и пренесени во медицинските установи во Скопје.
Автопатот Скопје – Тетово е целосно во прекин.