Граѓани на Струмица до портал Струмица Денес испратија фотографија од улицата „Кирил Динков“ бр.10 која како што велат тие нема уште улично осветлување. Вчера на истата улица е забележана и змија.
„Ова е фотографија од улицата „Кирил Динков“ 10. Истата улица нема се’уште улично осветлување. Покрај тоа што нема осветлување не е ниту тревата искосена, како да живееме во џунгла а не во Струмица! Имаме мали деца, се плашиме за нив! Веќе две години не лажат дека ќе бидат поставени улични но нема ништо, а ги плаќаме истите давачки како сите.“ – напиша еден од граѓаните.