bandr
Хроника

(ФОТО) ПОЖАРОТ ОД ПЛАНИНАТА ГОТЕН НАВЛЕЗЕ И ВО СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН!

Денес, 01.09.2019 година, ТППЕ Струмица со 4 пожарникари и едно теренско возило учествува во гасење на шумскиот пожар на Готен кој е навлезен на територијата на Општина Василево. Во гасењето учествуваат и 6 припадници на ЈП Македонски шуми. И покрај лошата конфигурација на теренот и неповолните временски услови, поголем дел од пожарот е локализиран.